Aadkav Euro е современа енергетска компанија основана со јасна визија за развој и позиционирање како значаен фактор во регионалниот пазар на нафтени деривати и енергенси. Компанијата развива трговија со цврсти, течни и гасовити горива, со иницијален фокус на петролеум кокс и битумен.
Следејќи ги своите стратешки развојни цели, Aadkav Euro го проширува своето портфолио со мазут М1, природен гас, електрична енергија и петрохемиски производи. Основната мисија е да обезбеди сигурно, стабилно и долгорочно снабдување со енергенси.
Компанијата гради партнерски односи со индустриски капацитети и енергетски системи, позиционирајќи се како доверлив снабдувач во регионот.
Горивата на Aadkav Euro се користат во значајни индустриски капацитети кои претставуваат двигател на економскиот развој и директно придонесуваат кон создавање на бруто-домашниот производ.
Сите нафтени деривати се во целосна согласност со важечките законски прописи и стандардите за квалитет, во зависност од регулативите на земјите во кои компанијата оперира.
Aadkav Euro е доверлив локален партнер на реномирани добавувачи и рафинерии, а располага и со стабилни партнерства за регионално снабдување.

НАФТЕНИ ДЕРИВАТИ
Aadkav Euro како партнер на индустриските капацитети и термо електрани располага со различни видови на енергенси и нафтени деривати за потребите на нашите клиенти.
Aadkav Euro како компанија во делот на енергенсите со кои работи е влијателен фактор во регионот врз основа на логистичките партнери и стабилната мрежа за снабдување.
Компанијата врши испорака на своите производи преку автоцистерни и возови, а располага и со капацитети за продажба преку бродски танкери благодарение на своите меѓународни бизнис партнери.



Skopje, North Macedonia
+389 77 582 464
info@aadkaveuro.com
aadkaveuromanagement@gmail.com